Прославате го раѓањето на Исус Христос со Нас овој Божиќ

На Божиќ го славиме раѓањето на Исус Христос и сè што Тој значи за нас како наш Спасител. Тој е нашиот извор на вистинска радост овде на земјата и Искупителот кој овозможува да живееме со Бога и нашите сакани во вечноста. Придружете ни се во создавање на пополнета и посмислена Божиќна сезона додека го чествуваме раѓањето на Исус Христос следејќи го Неговиот пример на љубов и добрина заедно.

Идеи за прославување на Божиќ

Што Божик значи за Нас

Божик е повеќе од само традиција или празник, тоа е излив на радост поради прославувањето на раѓањето на Исус Христос. За членовите на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, тоа е свето време да се сеќаваат дека нашиот Небесен Отец толку многу ги сака своите чеда што го испратил Неговиот Син да ни го покаже патот до трајна среќа.

Долго претскажуваниот Момент
Ние веруваме дека Исус Христос беше избран од Бога уште од пред создавањето на Светот како некој кој ќе го победи гревот и смртта за сите нас. Божјите пророци-вклучувајќи ги Исаија и Михеј од Стариот Завет и Алма и Самуил во Книгата на Мормон-им помагале на луѓето со радост да го очекуваат Спасителовото доаѓање, вклучувајќи ја и посетата на американските земји по Неговото Воскресение.
Скромен Почеток
Во скромна штала, Марија „го роди својот првороден син, го пови во пелени и го положи во јасли, бидејќи немаше место за нив во гостилницата“ (Лука 2:7). Малкумина знаеја дека ова е буквално Синот Божји, кој ќе постави совршен пример за љубов и понизност во текот на целиот свој смртен живот. Денес, го славиме Неговото раѓање обидувајќи се да наликуваме на Него.
Универзална Порака за Надеж
Ноќта кога Исус беше роден, ангели им го најавија Неговото раѓање на покорни овчари, кои дојдоа да го посетат бебето Исус. Побогатите „мудреци“ донесле скапоцени подароци по долго патување. Подоцна, жени како Марија Магдалена и Самарјанката крај бунарот сведочеле за Неговото воскресение и за улогата како наш Спасител. Од самиот почеток, потребата да се следи Исус Христос била за сите, без разлика на нивната социјална класа, возраст, пол, или раса.
Живиот Спасител
По Неговото раѓање, Исус Христос водел безгрешен живот. Нé поучил како да го следиме Божјиот план, да извршуваме чуда, и лекувал и тешел други. Кога дошло времето за да ја заврши Својата служба на земјата, Спасителот настрадал и умрел за нашите гревови и бил воскреснат од мртвите за да може повторно да живееме со Бога и нашите семејства. Тој живее и нé сака и еден ден ќе се врати повторно на земјата.

Продолжете со проучување на Божиќната приказна