Татковци: Од Бога-Дадена Улога

Татковци, дедовци, вујковци, браќа, пријатели—нашите животи се благословени со мажи кои се грижат за нас низ нашите животи.

Татко држи новороденче
Татко држи новороденче

Да се стане Татко

Млад татко се навраќа на денот што промени се—денот кога се родила неговата ќерка

Татковството, божествена улога

Улогата на татко потекнува од самиот Бог, нашиот Небесен Отец, и е божествена улога и повик. Да се стане татко, очув, дедо или згрижувач е можност да се наликува на Бог, да ги сакаме и да се грижиме за децата како што Бог не сака и се грижи за нас. Бог ги сака и ги поддржува сите татковци додека тие се обидуваат да го дадат најдоброто од себе за да ги воспитуваат и да се грижат за оние под нивна закрила.

Татковците нѐ учат како

Нефи беше „роден од божји родители“ и беше „поучуван по нешто од [неговиот] татако“ (1 Нефи 1:1). Постојат татковци—и оние кои таткуваат—глагол. Да се таткува е да се поучуваат децата на многу начини—преку пример, директен совет и сѐ помеѓу тоа. Нашите татковци, очуви, дедовци и вујковци може да не научат да возиме велосипед, да ги врзуваме нашите врвци, или да зготвиме оброк, но многу поважно, тие може да бидат праведни влијанија кои нѐ учат како да го следиме Бога. Енос му се заблагодари на својот татко за нештата што ги знаеше, велејќи, „Знаејќи дека мојот татако е само човек—кој ме поучуваше на неговиот јазик, и исто така за негувањето и за опомената Господова—и нека биде благословено името на Бога поради тоа“ (Енос 1:1).

Татковите фигури се клучни

Вашиот однос со татко ви може да биде јак и полн со љубов или далеку од идеален, но ние веруваме во охрабрувањето на мажите во нашите животи за да бидат најдобрите татковци што може да бидат. Старешина Д. Тод Кристофесрсон вели, „Како Црква, ние веруваме во татковците. Ние веруваме во ‘идеалот на мажите кои секогаш на прво место го поставуваат семејството’ [Старешина Д. Тод Кристоферсон, „Fathers,“ Liahona, апр. 2016, 93]. Ние веруваме дека ‘преку божествена намера, татковците треба своите семејства да ги водат во љубов и праведност и одговорни се на своите семејства да им ги обезбедат животните потреби и да ги заштитат’ [„Семејството: Проглас кон Светот,“ ChurchofJesusChrist.org]. … Веруваме дека тоа е далеку од тоа да биде излишно, татковците се единствени и незаменливи“ („Fathers,“ генерална конференција, апр. 2016).

Небесниот Отец нѐ сака сите нас

Бог, нашиот Небесен Отец, е совршен пример за праведен татко. Дури и покрај нашите недостатоци, Неговата љубов е целосна и бескрајна. Тој нѐ повикува да разговараме со Него во молитва. Тој сака ние да бидеме среќни. Без разлика кои сте или каква е вашата врска со нашиот земјен татко, можете да ја дознаете Божјата љубов кон вас и да најдете радост во односот со вашиот Небесен Отец.

Семејство кое заедно ужива во црква

Дојдете Придружете ни Се

Најдете црква блиску до вас.

Веруваме во Создавање Силни Семејства преку Евангелието на Исус Христос