3 Начини на кои Можете да Изградите Врска со Бога
Бог е нашиот сакан Отец, и ние може да имаме силен и осмислен однос со Него.
Како што ќе го запознаваме Бог, ќе најдеме повеќе мир, среќа и цел во нашите животи, дури и во свет на хаос. Може да ја изградите и зајакнете вашата врска со Бога, фокусирајќи се на овие три нешта.
„А животот вечен е тоа, да Те познаваат Тебе Единиот вистински Бог, и испратеникот од Тебе Исус Христос“ —Јован 17:3
Проучувајте го Божјото слово
Исус рекол, „Поучете се од мене … и ќе најдете спокојство за душите ваши“ (Матеј 11:29). Бог е нашиот сакан Отец, и Тој сака да воспостави врска со Неговите деца. Можеме да научиме за Бога читајќи за Него и како Тој им помагал на децата низ историјата. И Бибијата и Книгата на Мормон се Божјото слово. Секоја од нив споделува приказни за тоа како Бог им помагал, ги благословувал и понекогаш го понижувал Својот народ. Размислете за Новозаветните приказни за чудата и простувањето на Исус. Прочитајте ја приказната за Алма Помладиот и како Бог одговорил на молитвите на неговиот татко во Книгата на Мормон (види Мосија 26-28). Бибијата и Книгата на Мормон им помогнаа на милиони луѓе да го пронајдат Бога и да ја почувствуваат Неговата љубов.
Зборувајте со Бога
Бог ги сака Своите деца, и сака да ги слуша. Исто како што би работеле за да се поврземе со нов пријател со разговор со нив, можеме да се поврземе со Бога преку молитва. Како Негово дете, вие може да го запрашате Него за помош и водство додека се молите. Може да му кажете Него за вашите предизвици и за вашите добри и лоши денови. И може да се молите во знак на благодарност за да се заблагодарите за сите работи во кои уживате во животот—големи или мали.
Без разлика кои сте, Бог е желен да ве благослови и да ви помогне да најдете среќа. Исус ветил, „И сѐ што ќе побарате во молитва со вера, ќе добиете“ (Матеј 21:22). На почетокот може да ви изгледа чудно да се молите, и може да не сте сигурни како да ги препознаете Божјите одговори. Но кога постојано вежбате и се обидувате да се молите со вера, молитвата може да стане сигурна форма за комуникација со Бога. Потребен е напор, но вреди.
Следете го Исус Христос
Исус му рече: „Јас сум патот, вистината, животот; никој не доаѓа кај Отецот, освен мене“ (Јован 14:6). Учењето за Исус и Неговите учења е важен дел од градењето на врска со Бога. Исус ни дал совршен пример за следење. Тој нѐ научи како да живееме и како да со однесуваме кон другите. Тој страдаше и умре за нашите недостатоци и борби за преку него да ја најдеме среќата во овој живот. Тој е Божјиот најголем дар за нас. Можеме да читаме за Исусовиот живот и учења во Библијата и Книгата на Мормон. Додека се обидуваме да живееме според Исусовите учења, му покажуваме на Бога дека сакаме да бидеме блиску до Него.