Која е Божјата Порака за Мене Денес?
Дали некогаш сте се запрашале зошто сте тука на земјата, која е смислата на вашиот живот, или дали постои живот после овој? Бог ги има одговорите на овие прашања, и сака вие самите да ја знаете вистината. Може да ја научите Неговата порака за вас со проучување на светите писма, комуникација со Него преку молитва и слушање на зборовите на пророците.
Бог сѐ уште зборува
Во тешки времиња, можеме да се чувствуваме изгубени или дури напуштени од Бога. Многу луѓе се прашуваат дали Бог е свесен за нас и дали Тој нѐ води и нѐ упатува.
Но Бог навистина живее, и Тој ни зборува. Тој е истиот Бог кој го спаси Ное од поплавата, го раздвои Црвеното Море, и го одведе Израел во ветената земја. И Тој исто така ја има моќта да изведува чуда во вашиот живот. Тој ќе ги слуша и ќе одговори на вашите молитви. Ќе ве води низ животот. Ќе ви помогне да ја научите Неговата порака за вас кога ќе Го побарате.
Поставувајте прашања во молитва
Бог секогаш ги слуша и одговара на нашите молитви. Во книгата на Матеј, Исус го дава ова ветување: „Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори“ (Матеј 7:7). Бог сака да нѐ благослови. Тој сака да нѐ предводи, да нѐ води и да нѐ поучува. Но Тој често не одговара на прашањата што никогаш не сме му ги поставиле. Покажете ја вашата вера во Бога со тоа што ќе комуницирате со Него преку молитва. Прашајте го што Тој сака за вас во животот. Вашиот одговор можеби нема да дојде веднаш или на начинот што го очекувате, но ќе дојде.
Прочитајте го божјото слово
Светите писмо е полно со Божји постапки со Неговите деца. И Светата Библија и Книгата на Мормон нѐ поучуваат за тоа кој е Бог, како може да воспоставиме врска со Него, и како можеме да се вратиме и да живееме со Него еден ден. Бог е истиот вчера, денес, и засекогаш (види Евреите13:8), затоа Неговите зборови и заповеди се важни за нас.
Слушнете ги пророците
Од дрвени времиња, Бог повикува пророци за да го водат Неговиот народ. Пророк е некој кој е повикан од Бога да му даде насоки на целиот свет. Иако Божјите заповеди никогаш не се менуваат, околностите со кои се среќаваме во светот секогаш се менуваат. Преку пророците, Бог ни помага да дознаеме како да управуваат со единствените предизвици и искушенија од нашите дни. Проучувајќи ги зборовите на пророците, апостолите и другите инспиративни водачи, ќе дознаете каква е Божјата порака до вас денес.
Слушнете Како Другите Почувствувале Водство и Љубов од Бога
Што сака Бог да знаете?
Иако сигурно ќе се сретнете со единствени ситуации и предизвици во вашиот живот, постојат одредени важни евангелски вистини што се вистинa за сите. Бог сака да знаете дека сте Негово дете. Тој има план за вас. Тој сака вие да се чувствувате надежни, важни и сакани—бидејќи вие тоа и сте.
Вие имате Цел
И Библијата и Книгата на Мормон поучуваат дека пред овој живот, ние живеевме со Бога. Никој од нас не е тука случајно. Дојдовме на земјата за да примиме тело, да научиме како да правиме добри избори, да бидеме искушувани и да растеме. Нашето постоење нема да заврши после смртта. Сите ние ќе бидеме воскреснати како што бил Исус. Ако избереме да го следиме Исус во овој живот, ќе можеме да се вратиме да живееме со Него и со нашиот Небесен Отец.
Вие може да бидете среќни
Книгата на Мормон поучува, „Луѓето се, за да имаат радост“ (2 Нефи 2:25). Бог сака вие да бидете среќни, и вие сте создадени да бидете. Кога верувате во Него и правите сѐ што е во ваша моќ за да ги одржите Неговите заповеди, ќе најдете радост и ќе имате надеж за иднината.