Семејна историја
Без разлика дали ќе се нурнете за да дознаете нешто повеќе за животите на вашите предци, или ќе додадете сопствени приказни или искуства за идните генерации, семејната историја работи на тоа да нѐ поврзе со семејствата и со нашиот Небесен Отец.
Приказните на нашите предци се наши приказни
Нашата семејна историја ни помага да објасниме како стигнавме онаму каде што сме, од каде сме ги добиле нашите најважни особини, и зошто изгледаме онака како што изгледаме. Кога откриваме нешто повеќе за нашите пра-баби и пра-дедовци, откриваме нешто повеќе за себе. Не само тоа, туку можеме да ги разбереме жртвите на нашите предци, да научиме од нивните примери, и да се чувствуваме блиски до луѓето кои никогаш не сме ги запознале.
Од каде да се почне
Сѐ започнува со следење на тие предци. Ние пребаруваме статии во весници, имотни листови, изводи од матични книги на родените или умрените, и сѐ што може да содржи индиции за животите на оние кои дошле пред нас. Волонтерите во центрите за семејна историја ширум светот може да ви помогнат да го пронајдете она што го барате и да се поплнат некои од празнините.
Истражете ги Активностите за Семејна Историја
Постојат многу ресурси и активности што можат да ви помогнат вам и на семејството да започнете. Поминете со прст низ активностите подолу и започнете денес.
Семејствата нѐ поврзуваат надвор овој животен век
Ние, исто така, создаваме и одржуваме семејни врски во нашите храмови. Тоа е местото каде стапуваме во брак за цела вечност за нашите семејни односи да траат подолго од „додека смртта не нѐ раздели.“ Семејната историја ни овозможува да им ги понудиме истите благослови на нашите предци кои можеби немале шанса да ги добијат додека биле живи. На овој начин, овие свети церемонии помагаат да се поврзат генерациите заедно во непрекинат синџир—минатото, сегашноста и иднината. Благодарение на Исус Христос, сите ние можеме повторно да живееме со Бога а благодарение на семејната историја, тоа може да го правиме заедно со нашите семејства.