#ПочнувајќиОдДенес, Дознај нешто повеќе преку Исус Христос

Почнувајќи од денес, поканети сте да сопрете и да размислите—да почнете отпочеток, да направите повторна проценка и да се преиспитате, што е најважно во нашите животи. Велигденската приказна за Исус Христос зборува за простувањето, препородувањето и новите почетоци што секогаш се возможни. Каде и да сме и какви и да се тешкотиите со кои се соочуваме, Неговиот живот и пример нудат надеж, исцеление и пат што треба да го следиме—чекор по чекор.

Дајте му поголемо значење на вашиот Велигден

Пронајдете подлабока врска со Исус Христос овој Велигден со овие ресурси.

Нашите верувања за Велигден

Велигден е радосна прослава на она што е можно поради Исус Христос. Благодарение на Него, можеме да имаме нов почеток со покајание и кога ни е простено за нашите гревови. Можеме да живееме со Бога и саканите засекогаш. Можеме да гледаме кон иднината со надеж и нов почеток.

Eine junge Frau lächelt und genießt den Sonnenschein in einem Wald
Исус Христос е Божјиот Син
Веруваме дека Исус Христос е буквално Божјиот Син, испратен на земјата да нé искупи од грев и смрт. Тој доброволно ја презеде улогата на нашиот Спасител да помогне да се исполни Божјиот план за среќа за Неговите чеда.
Тој нé разбира совршено
Исус настрада за сите наши гревови додека се молеше во Гетсиманската градина и беше распнат на крстот за да умре. Тој стекнал совршено, божествено разбирање за сè што некогаш сте доживеале.
Тој почина за вас на крстот на Голгота
Крајната жртва на Спасителот за сите нас, која ја нарекуваме Искупување, ни овозможува да се покаеме и да ни бидат простени гревовите, што нè прави достојни еден ден повторно да живееме со Бога.
Беше Распнат за да Можеме Повторно да живееме
Победата над смртта што Исус Христос ја доживеал преку Неговото Воскресение овозможува нов живот за сите нас. Ако го живееме евангелието на Христос, можеме да очекуваме дека ќе живееме со Бога и нашите семејства за вечноста.
Исус Христос сé уште живее Денес
Исус Христос е живо, воскреснато суштество. Тој ја раководи и ги води Неговите пророци и апостоли денес преку Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни. Веруваме дека Тој повторно ќе се врати на земјата и ќе владее во мир.

Најчесто поставувани прашања за Велигден

Побарајте посета

Побарајте посета од мисионерите.

Име
Ве молиме, внесете вредност
Презиме
Ве молиме, внесете вредност
Е-порака
Ве молиме внесете вредност